Пукаше во олимписки сурфер, бидејќи не ги почитува мерките за изолација! (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

фото: принтскрин/инстаграм

Костариканскиот олимпиец во сурфање Рафаел Вилависенсио за малку ќе настрадаше во бегството од еден полицаец, а преку неговиот адвокат најави тужба.

Сурфањето, како дел од олимписките спортови, односно плажите моментно поради пандемијата на коронавирусот се забранети во Костарика.

Како што пренесува костариканскиот веб портал „antena3.com“, била повикана полиција откако некој забележал дека поединци не ги почитуваат мерките.

НАПОМЕНА вознемирувачко видео ни доаѓа од Костарика, каде што еден од полицајците пукаше кон сурферот, олимпиецот Рафаел Вилависенсио.

Тој одлучил да бега кога виде дека полицаецот, го цитираме, заканувачки држи пиштол, откако двапати пукаше во негов правец.

– Заканувачки го држеше пиштолот. Во еден момент испаничив и почнав да трчам – објасни сурферот Вилависенсио.

Воедно адвокатот на Вилависенсио најави дека ќе испрати тужба поради обид за убиство.

Исто така на Инстаграм профилот „Сурфлајн“ (скоро два милиони фанови), се гледа како уапсен е и славниот костарикански сурфер Ное Марк МекГонагл, инаку светски шампион од 2015 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот