ВИДЕО: Пукање во близина на Беверли Хилс, најмалку тројца мртви и четворица повредени

Американска полиција
Фото: ЕПА

Во населбата Беверли Крест во Лос Анџелес рано утрово загинаа најмалку три лица, а четворица се повредени, соопшти полицијата, објави nbcnews.

Повиците за пукање со повеќе жртви во блокот 2700 пристигнале околу 2:30 часот по полноќ, се вели во соопштението на полицискиот оддел во Лос Анџелес.

Пукањето се случило за време на забава, објави NBC Лос Анџелес.

По пристигнувањето на местото на настанот, полицајците пронашле пет жртви со прострелни рани. Тројца биле прогласени за мртви на лице место.

Меѓу трите загинати жртви имало двајца мажи и една жена, за кои полицијата вели дека биле во возило паркирано, пред домот каде што била забавата.

Двајца кои се однесени во болница се во критична состојба, а другите двајца се стабилни

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот