Пукање пред кафеана во Охрид, приведени две лица

Пиштол, оружје
Фото: Pexels/Somchai Kongkamsri

Полицијата приведе двајца охриѓани кои вчера пукале во воздух пред кафеана во Охрид.

„На 29.03.2024 во 00.15 часот пред угостителски објект во охридската населба Чекоштина, полициски службеници од СВР Охрид ги приведоа К.Б.(67) и М.П.(37), двајцата од Охрид. Тие, претходно го нарушиле јавниот ред и мир со пукање во воздух од пиштол „Радом” калибар 9 милиметри, сопственост на М.П.“, информираат од МВР.

Пиштолот е одземен и по целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот