Публицистика: Галерија на успешни македонски иселеници во книгата „Патот на успехот“

Како плод на двегодишна работа од печат излезе книгата „Патот на успехот“ од Симона Ристевска. На 130 страници книгата содржи 39 интервјуа со истакнати и афирмирани Македонци во македонската дијаспора. Книгата е објавена со поддршка на Агенцијата за иселеништво и Министерството за култура.

– Книгата „Патот на успехот“ е првото мое авторско дело, но и дело на една елита на успешни Македонци од македонската дијаспора. Темелните и опсежни разговори беа преточени во промотивни интервјуа, кои се светол пример за успешни и реализирани личности во средните на нивното живеење, како и патоказ и поттик за идни успешни млади генерации. Една од целите за создавањето на „Патот на успехот“ e промоцијата на успешните Македонци во матичната земја. Со 39 интервјуа се застапени разговори со познати македонски бизнисмени, уметници, доктори, правници, економисти, студенти, спортисти, односно 39 личности со сјајни и посебно мотивирачки приказни. „Патот на успехот“ е галерија на успешни македонски иселеници – истакнува авторката Симона Ристевска.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 38, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 4-5 јули 2020)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот