ПСЖ ја одреди цената за Мбапе - Слободен печат
СпортФудбал

ПСЖ ја одреди цената за Мбапе

Челниците на францускиот шампион објавија дека заинтересираните екипи за Килијан Мбапе да не јавуваат ако немаат подготвени минимално 250 милиони евра.

Раководството на ПСЖ полека го прифаќа податокот дека во најскоро време ќе мора да се раздели со Килијан Мбапе. Според францускиот весник „Л’Екип“, ПСЖ воопшто нема да ги зема во предвид понудите кои се под 250 милиони евра.

„Светците“ не сакаат да го продадат најдобриот млад фудбалер на светот но се свесни, дека ако тоа не се случи оваа година, тогаш наредната, Мбапе сигурно ќе си замине.

Најголем интерес за услугите на францускиот репрезентативец пројавува Реал Мадрид чиј тренер Зинедин Зидан токму во него го гледа предводникот на новиот тим на Реал Мадрид со кој ќе се обиде да се врати на победничките патеки. Од „кралскиот“ клуб се подготвени позитивно да одговорат на барањето на челниците на ПСЖ и подготвуваат понуда „тешка“ 280 милиони евра. И самиот

Во штотуку завршената сезона, Килијан Мбапе беше прогласен за МВП во француското првенство, а на 51 натпревар постигна 43 голови.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Слични артикли

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close