Првпат од 2018 година, курсот на доларот под 60 рубљи

Рубљи/ ЕПА

Вредноста на рубљата продолжи да расте во однос на доларот на Московската берза, при што американската валута падна под 60 рубљи првпат од април 2018 година.

Рубљата досега зајакна за повеќе од 24 отсто оваа година и покрај економската криза, станувајќи најуспешната валута во светот во однос на перформансите на пазарот, поддржана од контролата на капиталот воведена од Русија кон крајот на февруари за да го заштити својот финансиски сектор по, како што Москва ја нарекува- воената операција во Украина .

Во однос на еврото, рубљата зајакна за речиси 4,0 проценти на 61,90 рубљи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот