Првпат избрана жена за претседател на азербејџанскиот Парламент

Нејзината кандидатура е предложена од владејачката партија „Нов Азербејџан”, чии пратеници на вонредните избори на 9 февруари освоија 70 од вкупно 125 места во Парламентот.

Првпат во историјата, Парламентот во Азербејџан ќе биде предводен од жена, откако на денешната седница пратениците ја избраа Сахиба Гафарова за претседател на законодавниот дом.

Нејзината кандидатура е предложена од владејачката партија „Нов Азербејџан”, чии пратеници на вонредните избори на 9 февруари освоија 70 од вкупно 125 места во Парламентот.

За изборот на Гафарова гласале 116 пратеници.

Минатата недела Уставниот суд на Азербејџан ги потврди резултатите од вонредните избори и ингеренциите на 121 пратеник во 125-члениот Парламент.

Резултатите од изборите во четири изборни единици беа прогласени за неважечки поради многубројните прекршувања. Се очекува претседателот на државата да определи датум за прегласување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот