Првиот заеднички настап на Леонард и Џорџ им пресуди на Бостон

Фото: Фејсбук

Кошаркарите на Лос Анџелес клиперс му го нанесоа третиот пораз на Бостон селтикс оваа сезона, откако утрово беа поуспешни со 107:104. Победникот во „Стејплс центар” во ЛА беше решен по дополнителни пет минути, бидејќи основните 48 минути завршија со нерешен резултат 97:97.

Лу Вилијамс со 27 поени беше најефикасен во домашниот тим, кај гостите од Бостон се истакна Џејсон Тејтум со 30 поени.

Резултати на другите НБА натпревари играни ноќта меѓу среда и четврток:

Филаделфија – Њујорк 109:104
Вашингтон – Сан Антонио 138:132
Атланта – Милвоки 127:135
Бруклин – Шарлот 101:91
Далас – Голден стејт 142:94
Мајами – Кливленд 124:100
Торонто – Орландо 113:97
Чикаго – Детроит 109:89
Минесота – Јута 95:103
Денвер – Хјустон 105:95.

По поразот на Бостон, Милвоки е нов лидер во Источната конференција со биланс 11-3, исто колку што имаат и селтикс.

На Запад, прв е ЛА лејкерс со 12-2, пред Денвер кој има 10-3 и Хјустон со ефект 11-4.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот