Првиот сопруг на Џенифер Лопез: Им посакувам сè најдобро, но мислам дека тој брак нема да трае

Џенифер Лопез
Џенифер Лопез и Ојани Ноа / Фото: Принтскрин Инстаграм/Јутјуб

Првиот сопруг на Џенифер Лопез, Ојани Ноа, тврди дека латино дивата „сака да биде заљубена“, но губи интерес откако страста во нејзиниот брак ќе се смири, пишува „Дејли Мејл“. 48-годишниот Ноа верува дека бракот на Лопез и Афлек нема да потрае.

џенфиер лопез
Џенифер Лопез и Ојани Ноа на нивната венчавка / Фото: Принтскрин/Јутјуб

Ноа, кој ја запознал Џеј Ло додека бил кубански бегалец и работел во ресторан во Мајами, денес живее далеку од будното око на Холивуд и работи како личен тренер. Но, Лопез и нему му кажала дека тој е човекот со кој сака да го помине целиот живот.

„Нејзе и на Бен им посакувам сè најдобро, но не сум убеден дека тоа ќе потрае. Џен сака да биде заљубена, но таа е свршена шест пати. Бен е сопруг број четири. Јас бев сопруг број еден, а таа ми рече дека сум љубовта на нејзиниот живот. Кога лежевме во кревет на првата брачна ноќ, таа рече дека засекогаш ќе бидеме заедно“, раскажа Ојани.

џенифер лопез
Џенифер Лопез и Ојани Ноа / Фото: Принтскрин/Јутјуб

Тој ретко зборуваше за нивната интензивна и страсна врска. Иако се разведоа во 1998 година, тие останале пријатели долги години потоа. Првиот сопруг на Џенифер Лопез цврсто верува дека сè уште би бил во брак со неа дури и откако станала позната, доколку „паразитите кои ги хранат славните“ не застанале на нивниот пат.

„Имаше многу моменти кога се чувствував како Пепелашка. Таа беше најубавата жена што сум ја видел. На почетокот немав поим која е“, изјави Ојани. „Се заљубивме кога таа веќе беше позната. Но, за време на нашиот брак таа стана мегаѕвезда. Со години беше премногу болно да се зборува за тоа. Сакав да се повлечам и да го живеам својот живот. Но, кога видов дека се омажи за Бен, кој е добро момче, чувствата се вратија“, додаде тој.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ojani Noa Official (@ojaninoa1)

На 28-годишна возраст, Лопез веќе беше славна личност. Таа глумеше танчерка во ТВ-шоуто „In Living Colour“, а потоа и во фолмот „Money Train“ заедно со Вуди Харелсон. Кога го запознала Ојани, таа го снимала „Blood And Wine“ заедно со Џек Николсон и Мајкл Кејн.

„Немав поим која е таа. Нашите очи се сретнаа и помислив дека е најубавата жена што сум ја видел“, рекол тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот