Први прогнози: Фаворитот за Евросонг сè уште нема објавено песна

Eurovision TV

Откако минатата година беше одложен, домаќин на 65-тиот Евросонг оваа година ќе биде Ротердам, а како и секоја година, така и оваа, уште отсега се познати фаворитите.

До неодамна тоа беше Литванија, со песната „Discotheque“, но сега дојде до пресврт. Обложувалниците работат со полна пареа кога станува збор за годинешниот Евросонг и можниот победник, а состојбата на табелата се смени за неколку денови. Така Литванија, која беше прв фаворит, сега има осум проценти шанси за победа, додека главен фаворит е Исланд, чија песна сè уште не е претставена. Групата „Дади ог Гагнамагнид“ под водство на пејачот Дади Фрејр Пјетерсон требаше да го претставува Исланд лани и тогаш беше фаворит со песната „Think about things“. Поради популарноста на пејачот обложувалниците веќе го сместија во фаворитите, а луѓето се обложуваат на песна која воопшто не ја слушнале.

По Исланд и Литванија, следуваат Шведска, Франција, Бугарија, Италија. Македонија со Васил Гарванлиев е на 31-во место, додека Хрватска со Албина Грчиќ е на 26-то место, а групата „Хурикејн“ од Србија е на 37-мо место. Последна на пописот од 41 држава учесничка е Албанија со песната „Карма“ и пејачката Анџела Перистери. Но, ова се само првични прогнози.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот