Прва средба по 10 години: Сирискиот министер за одбрана на посета во Јордан

Сириските сили/Фото: EPA-EFE/STR

Сирискиот министер за одбрана вчера го посети Јордан за да разговара за стабилноста на границата. Ова преставува прва ваква средба од избувнувањето на сирискиот конфликт пред десет години, пренесува АП.

Средбата следеше по големата воена офанзива која го презеде последниот бунтовнички бастион во јужна Сирија, и откако месецов ја врати контролата врз градот Дараа.

Шефот на јорданската армија, генерал -потполковник Јусеф Хунеити, се сретна со сирискиот министер за одбрана и началник на Генералштабот Али Ајуб за ситуацијата во градот Дараа, а тие разговараа за прашања како што се борбата против тероризмот и шверцот на дрога во таа област, објави јорданската војска.

„Разговорите се фокусираа на интензивирање на идната координација за сите заеднички прашања“, се вели во соопштението на јорданската војска.

Пред повеќе од два месеци, проиранската елитна четврта дивизија на сириската армија ја опседна областа каде што избија првите мирни протести против авторитарната влада во 2011-та година, што прерасна во граѓанска војна.

Со години, Јордан ги поддржуваше бунтовниците на чија страна беше Западот и кои го контролираа југот на Сирија, се до кампањата на сириската армија во 2018-та година, кога со помош на руските воздухопловни сили и милицијата поддржана од Иран, тие ја презедоа провинција.

Во воените преговори меѓу Сирија и Јордан, велат извори, се зборувало и за големиот скок во шверцот на дрога во последните месеци, за што јорданските власти велат дека е поддржан од либанскиот Хезболах, кој го поддржува Иран.

Хезболах ги отфрла обвинувањата на Западот дека стои зад мрежата за шверц на дрога вредна неколку милијарди долари, која се движи од Сирија преку Јордан за извоз во Персискиот Залив.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот