Прв трипл-дабл во кариерата на Ленард, лекција за Зајон од Јокиќ (ВИДЕО)

Изненадувачки, еден од најдобрите кошаркари на денешницата Каваи Ленард го оствари првиот трипл-дабл во кариерата.

ЛА клиперс како гостин го совлада Мајами хит со 122:117, а Ленард натпреварот го заврши со 33 поени и по 10 скокови и асистенции. Интересно е што ова беше прв трипл-дабл во кариерата на еден од најдобрите кошаркари на денешницата и за ова постигнување му беа потребни повеќе од 500 натпревари.


Првиот пик на драфтот, Зајон Вилијамсон во вториот натпревар во НБА лигата постигна 15 поени во поразот на неговиот Њу Орлеанс од 113:106 од Денвер нагетс. Вилијамсон доби лекција од одличниот центар на Денвер, Никола Јокиќ кој имаше учинок од 27 поени и 13 скокови.


Хјустон како гостин ја совлада Минесота со 131:124. Расел Вестбрук беше незапирлив постигнувајќи 45 поени и 10 поени, надоместувајќи за слабата партија на Џејмс Харден, кој разочара постигнувајќи само 10 поени.

На натпреварот кој се играше во Париз, Милвоки благодарение на 30 поени на Јанис Антетокумпо со 116:103 го совлада Шарлот.

Резултати:
Њу Орлеанс – Денвер 106:113
Мајами – ЛА Клиперс 117:122
Сан Антонио – Феникс 99:103
Оклахома сити – Атланта 140:111
Минесота – Хјустон 124:131
Чикаго – Сакраменто 81:98
Њујорк – Торонто 112:118
Орландо – Бостон 98:109
Детрои – Мемфис 112:125
Шарлот – Милвоки 103:116
Голден Стејт – Индијана 118:129

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот