„Прв до врв” на Водно

Седмото издание на најголемиот планински спортски настан во регионот „Прв до врв” ќе се одржи денеска на Водно.

„Омилениот настан на скопјани и оваа година во програмата ги има трките во планинско трчање, планински велосипедизам, друмски велосипедизам, тим-билдинг трка за компании, како и традиционалниот пикник на целта кај врвот, по завршувањето на трките на кој е пред-видена музичка програма и церемонија на прогласување на победниците“, соопшти Здружението за спорт и рекреација „Прв до врв”.

Од Здружението наведоа дека оваа година се очекува на учествуваат над две илјади натпреварувачи со најголем број на учесници од странство до сега.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот