Просечната нето-плата во ноември се зголеми за 61 денар

фото: Слободен печат

Зголемувањето е забележано во секторите Транспорт и складирање (9.5 %), Преработувачка индустрија (8.9 %) и Дејности на здравствена и социјална заштита (8.2 %).

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во ноември 2019 година, изнесува 25.787 денари (25.726 во октомври), а бруто-платата 38.319 денари (38.227 во октомври), објави Државниот завод за статистика.

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во ноември 2019 година, во однос на ноември 2018 година, изнесува 105.1.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Транспорт и складирање (9.5 %), Преработувачка индустрија (8.9 %) и Дејности на здравствена и социјална заштита (8.2 %).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Административни и помошни услужни дејности (3.8 %), Стручни, научни и технички дејности (2.1 %) и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (1.6 %).

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во ноември 2019 година, во однос на ноември 2018 година, изнесува 106.4.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Транспорт и складирање (11.2 %), Преработувачка индустрија (10.1 %) и Дејности на здравствена и социјална заштита (9.6 %).

Зголемување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Административни и помошни услужни дејности (3.9 %), Стручни, научни и технички дејности (2.2 %) и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (1.6 %).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот