Пропаганда за џихад на 346 портали: Балканот се обединува против онлајн џидахисти

Фото: eeradicalization.com

Онлајн пропаганда во Европа беше тема на состанокот на Европол на кој е востановено дека постојат 346 портали преку кои се пропагира џихад.

На состанокот учествуваа претставници на безбедности служби на Македонија, на Србија, на БиХ, на Албанија, на Хрватска, на Словенија, Црна Гора.

Контратерористичките единици на сите земји меѓусебно поделија податоци до кои стигнаа и сега се подобро запознати со пропагандни материјали на џихадисти, соопшти Европол.

Станува збор за видео материјал и онлајн налози на социјалните мрежи кои поттикнуваат насилство. Собирот го организира Интернет реферална единица (ИРЈ) на Европската Унија (ЕУ).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот