Пропадна уште еден обид за формирање на влада во Косово

Фото: Принтскрин

Иса Мустафа по средбата изјави дека Демократскиот сојуз на Косово е подготвен за Договор, но со нивни услови.

И по средбата во која беа присутни претставници на странските амбасади не беше постигнат договор за формирање на влада во Косово.

Иса Мустафа по средбата изјави дека Демократскиот сојуз на Косово е подготвен за Договор, но со нивни услови. Тој додаде дека амбасадорите се информирале околу средбата и не посредувале помеѓу ЛДК и ВВ.

-Како ЛДК убедени сме дека решението кое сме го понудиле ја балансира довербата на граѓаните кое сме го добиле на избори. Отворени сме ако ВВ ги прифати нашите услови за заедничко владеење во секој момент да потпишеме договор- рече Мустафа после средбата.

Од друга страна, Албулена Хаџиу од Движењето Самоопределување, изјави дека ЛДК ги има отфрлено двете нивни понуди за договор.

-Денеска сме имале средба и со амбасадорите. Нема договор поради инсистирањето на ЛДК, за нас како ВВ тоа е неприфатливо- рече Хаџиу.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот