Пропадна трасферот на Бејл во Кина

twitter.com/goal

Иако цело лето се обидува да се ослободи од Герет Бејл и кога се најде купец во кинескиот Џиангсу Сунинг за Велшанецот, трансферот пропадна.

Новинарот на Би-Би-Си, Дејвид Орнштајн екслузивно пренесе дека од трансферот на Герет Бејл во Кина нема ништо и тој останува во Реал Мадрид. Интересно е што главен виновник за стопирањето на трансферот е Реал Мадрид иако цело лето и претседателот Перез и тренерот Зидан, јавно зборуваа дека Бејл е непожелен во тимот и најдобро за него е да си замине.

Главна причина за стопирањето на трасферот е тешката повреда на Марко Асенсио кој ќе ја пропушти целата наредна сезона.

Герет Бејл во Реал Мадрид пристина во 2013 година од Тотенхем за сума од 100 милиони евра и со „кралевите“ дури четири пати триумфира во Лигата на шампионите. Порај тој има и титули во Ла Лига, Кралскиот Куп, Суперкупот на Шпанија, Суперкупот на Европа и Светското клупско првенство.

Во минатата сезона, Велшанецот одигра 42 натпревари, но на само 21 беше стартер поради недоразбирањата со Зинедин Зидан но и со преостанатите двајца тренери на Реал од лани, Хукен Лопетеги и Сантијаго Солари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот