Герет Бејл има нов клуб

EPA-EFE/Juan Carlos Hidalgo

Реал Мадрид конечно успеа да се ослободи од Герет Бејл, објави  „Марка“. Велшанецот се очекува од утре да биде нов фудбалер на кинескиот Џиангсу Сунинг  за кого ќе потпише тригодишен договор.

Според весникот кој речиси никогаш не греши кога станува збор за информации поврзани со Реал Мадрид, останува да се договорат некои ситни детали по што Бејл и официјално ќе биде претставен како нов фудбалер на кинескиот тим. Тој во Џиангсу ќе заработува 22 милиони евра годишно.

Иако се споменуваше враќање во Тотенхем, премиерлигашот не беше во можност да му понуди идентична плата која ја имаше во Реал Мадрид, 17 милиони евра, но затоа кинескиот тим понуди пет милиони евра повеќе што беше пресудно за Велшанецот да ја прифати понудата.

Герет Бејл во Реал Мадрид дојде во 2013 година од Тотенхем за тогаш рекордни 100 милиони евра. Тој со „кралевите“ дури четири пати триумфира во Лигата на шампионите, но поради лошиот однос со тренерот Зинедин Зидан е приморан да го напушти Реал Мадрид.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот