Пронајдено безживотно тело на жена на стариот пат Охрид – Струга

Полиција/ Фото МВР

Безживотно тело на женско лице е пронајдено денеска во близина на викенд-куќа крај стариот пат што води од Охрид кон Струга.

Првичните непотврдени информации укажуваат дека се работи за женско лице на возраст од триесеттина години, а телото е пронајдено на потегот спроти Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо”.

Екипа на крим-техника на полицијата врши увид на лице место, по што ќе бидат соопштени повеќе информации за околностите и причините за настапувањето на смртта.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот