Пронајдени две починати лица во кумановско Табановце

Фото: Архива на „Слободен печат“

Две починати лица, со повреди, пронајдени се во нивниот дом во кумановското село Табановце, соопштија денеска од полицијата.

– Денеска во 8.20 часот во СВР Куманово било пријавено дека во нивниот дом во село Табановце, кумановско, биле пронајдени починати, со повреди, Б.С.(36) и Б.С.(43) од село Табановце, соопштија од МВР.

Полициските екипи се на местото и во координација со Основно јавно обвинителство Куманово се врши увид на местото и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Од полицијата и од Јавното обвинителство најавија повеќе информации во текот на денот.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот