Пролетна пита од готови кори, тиквички и млад кромид (РЕЦЕПТ)

Фото Профимедиа

Овој рецепт во вашата трпезарија ќе го донесе вкусот на пролетната комбинација од зеленчук и шунка.

Потребни состојки:

500 гр готови кори за пита
Една млада тиквичка
Еден врзоп млад кромид
100 гр кисела павлака
100 гр сецкана шунка
Едно јајце
Сол, бибер и масло

Подготовка:

Изрендајте ја тиквичката и посолете ја. На масло пропржете го сецканиот кромид заедно со шунката, па додадете ја посолената и исцедена рендана тиквичка.

Тргнете ја смесата од оган, додадете ги павлаката и изматеното јајце и измешајте.

На првата кора ставете тенок рамномерен слој од филот, потоа врз него ставете втора кора и врз нејзе нанесете тенок слој и свиткајте во ролна.

Повторувајте ја постапката додека да се потрошат корите и филот.

Премачкајте ги ролните со масло и печете 40-45 минути на 200 степени Целзиусови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот