Продолжува златната треска: Цената на златото вртоглаво расте

epa08556138 A Thai goldsmith adjusts gold ornaments at a gold shop in Chinatown, Bangkok, Thailand, 20 July 2020. Gold prices keep rising causing Thai people to sell their Gold holdings at inflated prices, as demand for cash increases to combat the economic impact of the ongoing COVID-19 coronavirus pandemic. EPA-EFE/RUNGROJ YONGRIT

Цената на златото продолжува вртоглаво да расте, па така на почетокот на овој месец се искачи до нивоа кои не се забележани уште од септември 2011 година.

Инвеститорите во овој благороден метал гледаат „безбедно прибежиште“ за својот имот во време на неизвесност. Во многу земји се буди свеста дека низ овој благороден метал може да се зачува вредноста на имотот и интересот за вложување во злато значително порасна.

Како што објасни директоор на инвестициската компанија УС Глобал Инвесторс, Френк Холмс, се впумпуваат трилиони долари во финансиските текови за да се пружи поддршка на американската економија во текот на пандемијата од ковид-19, и министрите за финансии на Г-20 и централните банки „работата заедно како картел и сите печатат илјадници милијарди долари“.

„Никогаш досега не сме виделе централните банки да печатат толкаво количество пари по нулта каматна стапка. Со нулта камати златото станува многу, многу атрактивен првокласен имот“, истакнува Холмс.

На актуелниот правец на движење на цената на жолтиот метал, како што велат експертите, ќе вилијае развојот на вакцината против коронавирусот, но и изборите во САД.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот