Продолжува потрагата по исчезнатите од несреќата во Будимпешта

Денеска продолжува потрагата по ислезнатите од бродската несреќа во реката Дунав во Будимпешта.

За таа цел, унгарските власти планираат да испратат нуркачи во Дунав за да ги пронајдат 19 јужнокорејски туристи и уште две други лица, кои се сметаат за исчезнати по несреќата.

Неименуван функционер од Министерството за надворешни работи на Јужна Кореја изјави дека нуркачите од Унгарската противтерористичка единица веројатно денеска ќе ја почнат потрегата по телата на исчезнатите лица. Крајбрежната стража на Унгарија, исто така, ја пребарува реката и со помош на хеликоптери и со скенери.

Бродот со јужнокорејски туристи во средата навечер се судри со друг брод на Дунав, во близина на унгарскиот Парламент и потоа потона во реката, надојдена од обилните врнежи и каде има многу силни струи. Досега се пронајдени телата седум лица, а 21 се сметаат за исчезнати.

Унгарската полиција вчера поради небрежност го уапси капетанот на крузерот кој го потопи туристичкиот брод. Крузерот Викинг Сигин, долг 135 метри, со 95 соби удри во туристичкиот брод „Серена“ и го потопи. Швајцарската компанија која е сопственик на пловечкиот хотел потврди дека во несреќата учествувал нивниот крузер, прецизирајќи дека меѓу нивните патници нема повредени.

Капетанот е 64-годишен украински државјанин идентификуван како Ц.Јури од Одеса, а уапсен е поради немарност во управување во воден сообраќај што довело до масовна загуба на човечки животи, соопшти полицијата.

Унгарската служба за спасување претходно соопшти дека се мали шансите за пронаоѓање на уште преживеани после судирот на два брода во Дунав, во центарот на Будимпешта, во кој загинаа седум лица, а 21 се водат како исчезнати.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот