Продолжија протестите против ирачките власти во Багдад

Фото: EPA-EFE/AHMED JALIL

Протестите против ирачките власти продолжија и денеска во Багдад и во јужниот дел на земјата, кога властите се под зголемен притисок на ОН за започнување на реформите.

Повеќе од 300 луѓе, главно демонстранти, се убиени од 1 октомври, според официјалните бројки.

По овие смртни случаи, со зголемена репресија и бројни апсења и заплашувања, се чинеше дека протестите ќе запрат. Но денеска плоштадот Тахрир во Багдад повторно беше полн,  особено по повикот за штрајк на наставниците.

– Ние сме тука за да ги поддржиме демонстрантите и нивните легитимни барања, рече еден демонстрант на плоштадот Тахрир.

Во Басра, голем нафтен град на брегот, се одржаа собири по неколкудневно насилство и десетици уапсени.

Околу илјада студенти денеска поставија камп, откако полицијата ги запали нивните шатори пред една недела.

Во Насирија и Диванија, на југот на земјата, училиштата сè уште се затворени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот