Продаден удел во „Гаспром“ на мистериозен купувач за 3 милијарди долари

Рускиот гасен гигант „Гаспром“ објави дека собрал скоро три милијарди долари со продажбата на 3,6 проценти од акциите на купувач чиј идентитет не е откриен.

Агенциите соопштија дека акциите се продадени преку подружница на „Гаспром“, со попуст од 11 проценти во однос на цената на затворање на пазарот минатата среда.

Уделот од 3,6 проценти го сочинуваат трезорски акции, кои се продадени по цена од 220,72 рубли по акција, што значи дека компанијата со продажбата остварила приход од 187,7 милијарди рубли (2,95 милијарди долари).

Руската компанија со слична трансакција во јули продала 2,9 проценти сопственички удел, со попуст од пет проценти, за 2,2 милијарди долари.

Иако „Гаспром“ нема никаква обврска да ги открие имињата на клиентите, бидејќи купените единици се помалку од пет проценти, податоците од московската берза покажуваат дека во најновата трансакција акции купил само еден купувач, проценува „Ројтерс“.

– Најважниот резултат од двете трансакции е што во новата структура на акционери се појавија нови акционери со вкупен удел од 6,5 проценти – пишува во белешката на клиентите на „Сбербанк“.

– Не е сигурно дека новите инвеститори се стратешки, иако вкупната инвестиција од 5,1 милијарди долари покажува дека тие се стратешки – додаваат од „Сбербанк“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот