Проблеми за селекторот: Без Пандев против Израел!?

ffm.mk

Поради хематом капитенот на националната А репрезентацијата, Горан Пандев би можел да го пропушти наредниот евро квалификациски натпревар в четврток, а се следи и ситуацијата со Аријан Адеми.

Селекторот на македонската А репрезентација, Игор Ангеловски на официјалната прес – конференција спроти утрешниот натпревар против Израел најави дека нашиот тим е најважен и на секој начин ќе се обидеме да постигнеме позитивен резултат во Бер Шева и покрај одредени проблеми со кои се соочува во однос на составот.

– Добро се познаваме со Израел, знаеме дека и во минатите квалификации бевме во иста група. Имавме доволно време да го анализираме противникот, но знаете дека за мене најважни се моите фудбалери. Ќе се обидеме ние да бидеме тие кои се прашуваат на теренот и се надевам дека тоа ќе биде доволно за поволен резултат. Ситуацијата со подготвеноста на фудбалерите ќе го одреди почетниот состав. Капитенот Пандев поради хематом на слабината е неизвесен за настап, а ја следиме состојбата и со Адеми кој денеска ќе тренира со екипата, а потоа ќе видиме дали ќе може да настапи – изјави селекторот Ангеловски.

Младиот голман во македонскиот тим, Дејан Илиев, исто така се надева на позитивен резултат од утрешната пресметка.

– Дојдовме да се бориме и сигурно нема да се предадеме. Напротив, ќе се обидеме да дадеме максимум од нашите можности да ја израдуваме нашата јавност. Јасно е дека нè очекува тежок дуел, но убеден сум дека можеме да се носиме со предизвикот – рече Илиев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот