Проблеми за Монако, тренерот Ковач и голманот позитивни на коронавирус

epa08579186 Monaco?s head coach Niko Kovac reacts during the friendly soccer match between Eintracht Frankfurt and AS Monaco in Frankfurt, Germany, 01 August 2020. EPA-EFE/RONALD WITTEK

Францускиот тим објави дека двајца членови на клубот се позитивни на ковид-19 но не сакаше да го открие нивниот идентитет.

Идентитетот за заразените го откри „Лекип“ кој објави дека тоа се тренерот Нико Ковач и голманот Бенјамин Лекомт. Истиот извор за „Лекип“ открива дека тренерот нема симптоми на коронавирусот и дека мора да помине 14 дена во самоизолација.

„Две лица се позитивни на коронавирус и превентивно се изолирани од останатите членови на екипата. Тие се во изолација и под надзор на медицински лица“, објави Монако по пријателскиот натпревар со Ница.

Нико Ковач не ја водеше екипата на средбата против Ница која беше затворена за медиумите, а во составот го немаше ниту Бенјамин Лекомт.
Француската Лига 1 продолжува на 11.септември откако ќе завршат настапите на репрезентациите, а Монако на домашен терен го пречекува Нант.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот