Проблеми за Франција, Карабатиќ е позитивен на коронавирус

Карабатиќ ќе го пропушти првиот дел од подготовките на француската репрезентација/ фото: EPA-EFE/OLE MARTIN WOLD

Ракометната репрезентација на Франција, се соочува го големи проблеми пред стартот на подготовките за настап на Европското  првенство бидејќи најдобриот играч е позитивен на коронавирус.

Ѕвездата на ПСЖ, Никола Карабатиќ замина во карантин, откако доби позитивен тест на коронавирусот и тоа значи дека ќе го пропушти првиот дел од подготовките, но би требало да настапи на ЕП.

Карантинот на Карабатиќ ќе трае до 1 јануари по што ќе може да се врати на тренинзите.
Франција ќе биде еден од фаворитите за висок пласман. Ќе игра во групата Ц заедно со Србија, Хрватска и Украина.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот