Проблем за Лајпциг, Вернер не сака да игра во Лигата на шампионите

EPA-EFE/ALEXANDER HASSENSTEIN

Германскиот репрезентативец, Тимо Вернер, со трансферот во Челси по завршување на сезоната си направи проблем и најверојатно нема да игра за својот се уште актуелен тим Лајпциг во завршницата на ЛШ.

Причината за тоа е што неговиот трансфер во Челси ќе се официјализира пред да биде продолжена ЛШ, а Вернер доби можност да избере дали веднаш ќе потпише за англискиот тим или ќе игра за Лајпциг во завршницата на елитното натпреварување.

Одличниот напаѓач се одлучи да потпише за Челси и потоа да замине на едномесечен одмор пред да започнат подготовките на екипата за наредната сезона.

И Лајпциг и Челси ќе настапат во продолжението на ЛШ, но Челси е речиси сигурно дека ќе биде елиминиран уште на стартот бидејќи во првиот осминафинален натпревар загуби со 0:3 од Баерн Минхен и тоа на „Стемфорд бриџ“.

Вернер во актуелната сезона постигна 31 гол, од кои 25 во Бундеслигата, четири во Лигата на шампионите и два во германскиот куп.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот