Приведен тетовец за неплаќање на парична казна за кривично дело

Тетовската полиција привела 63 годишник од градот, осуден за кривично делото „неплаќање на парична казна” за да издржи затворска казна. Тој бил приведен во текот на вчерашниот ден поради судска наредба. 

-Станува збор за лице кои извршило кривично дело и добило парична казна. Бидејќи немал платено и немало друг начин за присилна наплата сега казната се менува со затворски денови, појаснуваат од СВР Тетово.

Осудениот Н.С. бил спроведен во Казнено-поправната установа затвор „Тетово” во Тетово за издржување на казната.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот