Пристојноста наспроти „десните гуланфери“

Ненад Јовановиќ. / Фото: Архива

Важно е само да се каже дека ваквите работи ги прави најобичен џган. Па, така и го препознаваш џганот: тој линчува – физички или симболички – го граба поединецот поради било која причина, и тоа го прави секогаш анонимно, во толпа, суштински невидлива, без разлика дали делува во реалниот или во сајберпросторот.

Во денешна Северна Македонија, која и де факто и де јуре е слободна земја, цела низа од јавни личности станаа цел на македонските националисти. Беше тоа пред неколку месеци, ми се чини септември или октомври минатата година. Возев точак, слушалките ми беа на уши, вреска во заднина Дејвид Греј кога ми заsвони мобилниот телефон. Мој драг пријател, голем џентлмен и пристоен човек ме прашува дали сум добро. Хм, мојот пријател е умерено нормален човек, не прашува за здравјето на својот пријател без некоја особена причина. Но, како што разбрав малку подоцна, некои глодури на интернет во тие паратаблоидни облаци напишале: некој го удрил лицето Н.Ј. поради неговата голема муцка која провоцира „домаќини луѓе“ и „вистински љубители на својата таткојна“. Му реков на мојот пријател дека со мене е сѐ во најдобар ред, возам точак, испивам кафиња и пушам цигари со големо здравје, така му реков. Имено, кога го завршив разговорот, телефонот повторно ми заsвони… Ми се јавуваат уште луѓе, сите ги убедувам дека сум добро, дека никој не ме нападнал, дека се работи за измислици. Некои, пак, без разлика што звучев уверливо, сепак не ми веруваа.

Битанги по општа практика

Не помина многу време сфаќам дека сум отстрана или можеби во епицентарот на едно големо срање. Се јавив на моите драги: еј, добро сум, во желба да ги запрам грозните последици. Што ќе беше ако лагата стигнеше многу побрзо од мене, па да предизвикаше вистинско лудило? За тоа не сакам ниту да размислувам.

Знам за каква сорта луѓе се работи, има една група „скопски“ никој и ништо, битанги по општа пракса. А зошто тоа го прават? Од каде да знам, тешко е човек да проникне во тајните на социопатскиот ум. Причините може да бидат „лични“, а може да бидат и „политички“, дури може да бидат и разгалено инфантилно играње со пресериозни работи, а богами може да биде и сево ова заедно. На крајот на краиштата, не е ниту важно. Важно е само да се каже дека ваквите работи ги прави најобичен џган. Па, така и го препознаваш џганот: тој линчува – физички или симболички – го граба поединецот поради било која причина, и тоа го прави секогаш анонимно, во толпа, суштински невидлива, без разлика дали делува во реалниот или во сајберпросторот.

Христијан Мицкоски има сурија од вакви паразити, може да ги наречеме Anonymous Motherfuckers (мислам дека така се викаат, не?). Таквите „анонимни мамоеби“ никогаш нема да ги тестираат „професионалните медиуми“, а сите многу добро знаеме дека медиумите – и оние за кои „тепаме“ дека се сериозни – наседнуваат на „патки“; oние луѓе кои се во таа професија многу добро знаат за што точно зборувам. Затоа работата всушност се сведува на малигна, злобна желба некому да му се нанесе штета, страдање, срам или нешто слично. Медиумите, тука, неретко можат да послужат како несвесен сојузник.

Сепак, мене нешто друго ме интересира во оваа приказна. Лесно ќе се справиме со анонимните мамоеби и останатиот башибозук. Како се дозволи ваквите будалштини да предизвикаат толкави „јавни симпатии“, така опсено „уживање“ и јавно понижување на некои луѓе што, ете, нам не ни се драги? И како е можно такви работи да излегуваат од устите на онаа политичка партија и опозициска калакурница која си смета дека еден ден ќе ја води државата и ќе ги афирмира човечките права на граѓаните?

Штетна опозиција

Вакви работи мора човека да го доведат во состојба на „вразумување“. Дванаесет и повеќе години застапувам сѐ што е обратно од „политиката“ на Мицкоски и на неговите гуланфери. Сѐ за што се бори тој, јас го презирав и ден-денес го презирам. Сѐ што презирам го презирам во неговата политика, а тој, види, за чудо, го претставува. Кога се обидувам да најдам убав збор за него, гадно се мачам. Кога сакам да го „калапам“, зборовите сами ми се лизгаат, едвај ги запирам. Па, сепак, некако мислев дека мојот и „сечиј“ конфликт со Мицкоски е некоја „начелна работа“. Дека тука се работи за војна, национализам, злосторства, и наместо модернизација, Мицкоски инсистира на парохијализација на мојата земја. Брате мили, нормален човек, елементарно писмен, против тоа мора да се исправи – и да се бори!

Ама зошто тогаш медиумите за едните зборуваат едно, а за другите друго? Не смееме да им дозволиме да продолжат да ја делат оваа земја на две закрвени „палафурди“ кои едни со други се мразат „онака лично“. Во тоа мора да му се спротивставиме на Мицкоски. Не смееме да го дозволиме впечатокот „онака начелно“ дека во оваа земја има луѓе на кои можеме да им правиме што сакаме само затоа што имаат различен став од националистичката јавност! И уште да се радуваме на тоа.

И јас сум – не се сметам себеси за нешто особено важен во општеството – еден од оние луѓе кои велат дека оваа земја не смее никогаш повторно да се врати во национализам, а таа група која припаѓа на тоа милје, онаа де, „шарено десно“ подземје, смета дека треба да бидам распнат. Тоа не смееме да го дозволиме. Од друга страна, некој ќе рече, „такви се тие, мамоеби“, и нема да погреши. Ама сепак, ние сме нешто друго и такви треба да останеме. Така се однесувам и во медиумите. Како човек што бара аргументи, човек што секогаш е на страната на пристојноста и елементарниот ферплеј.

Ми се чини дека тоа беше идејата од самиот почеток. И ми се чини дека јасно треба да се каже дека таа опозиција која е вака форматирана е штета за ова општество. Или можеби јас, јеби га, од почеток нешто погрешно сум разбрал?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот