Припадничка на американската армија и инфлуенсерка изврши самоубиство по роденденот на нејзината ќерка

Фото: Принтскрин/ Инстаграм/ michelleyoung17

Припадничката на американската армија и фитнес инфлуенсерка Мишел Јанг (34) изврши самоубиство неколку дена по 12-тиот роденден на нејзината ќерка, пишува „Дејли Мејл“.

Само неколку дена претходно, Јанг на Инстаграм споделила фотографија од 12-тиот роденден на нејзината ќерка Грејси.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм/ michelleyoung17

„Среќен роденден на најслаткото девојче што некогаш сум ја познавала. Грејси е смешна, амбициозна, љубезна, сочувствителна, интелигентна, вредна, урнебесна и несебична. Плачев цело време додека го пишував ова! Те сакам засекогаш душо! Најдобриот дел од мојот живот е тоа што сум твоја мајка“, напиша Јанг.

Јанг, кој е од Прескот, Аризона, се пријавила во армијата на 17-годишна возраст.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм/ michelleyoung17

„Бев во војска пред да станам мајка. Доброволно се пријавив за овој начин на живот, Грејси не, таа мораше да биде далеку од нејзиниот единствен родител за време на мојата служба, но никогаш не се пожали“, напиша Јанг претходно на Инстаграм.

Јанг била распоредена двапати во Авганистан. Таа имала уште четири години да го заврши својот 20-годишен воен договор.

Не е јасно како и каде Јанг се самоубила, пишува „Дејли Мејл“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот