Принцот Хари и Меган Маркл се повлекуваат од кралското семејство!
Слободен Печат
Пред
Сакаат да станат „финансиски независни“.
Војводата и војвотката од Сасекс на својот официјален инстаграм-профил изјавија дека сакаат да се повлечат од нивната улога како сениор-членови на кралското семејство и дека се стремат кон тоа да станат финансиски независни.
„После повеќемесечни размислувања и внатрешни дискусии, ние одлучивме годинава да направиме транзиција во започнувањето нова прогресивна улога во рамките на оваа институција. Имаме намера да се повлечеме од улогата на „сениор“ членови на кралското семејство и да работиме на тоа да станеме финансиски независни, но сепак ќе продолжиме целосно да ја поддржуваме Нејзиното величество, кралицата. Со вашето охрабрување, особено во последните неколку години, се чувствуваме подготвени да го направиме ова прилагодување.
Планираме да го избалансираме нашето време помеѓу Обединетото Кралство и Северна Америка, продолжувајќи да ја почитуваме нашата должност кон кралицата, комонвелтот и нашите покровителства. Оваа географска рамнотежа ќе ни овозможи да го воспитаме нашиот син да ја цени кралската традиција во која се роди, а истовремено и ќе му обезбедиме на нашето семејство простор да се фокусира на следното поглавје, вклучувајќи го и започнувањето на нашиот нов добротворен ентитет. Со нетрпение очекуваме да ги споделиме сите детали за овој возбудлив следен чекор, додека продолжуваме да соработуваме со Нејзиното величество кралицата, принцот од Велс, војводата од Кембриџ и сите релевантни институции. Дотогаш, ве молиме прифатете ја нашата најдлабока благодарност за вашата континуирана поддршка.“
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не.
Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат.
Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.
ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
Доскорешниот премиер, до пред формирањето на техничка влада, и актуелен претседател на СДСМ Димитар Ковачевски е гостин во поткастот „Политиканти“. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Сашо Орданоски и Борјан Јовановски во ова интервју направено меѓу два изборни круга, а непосредно по првиот круг претседателски избори имаа за што да разговараат за Ковачевски. Ако …
Доскорешниот премиер, до пред формирањето на техничка влада, и актуелен претседател на СДСМ Димитар Ковачевски е гостин во поткастот „Политиканти“. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Сашо Орданоски и Борјан Јовановски во ова интервју направено меѓу два изборни круга, а непосредно по првиот круг претседателски избори имаа за што да разговараат за Ковачевски. Ако …