Принцот Чарлс: Имав среќа, лесно поминав со коронавирусот

принц чарлс
Принц Чарлс / Фото: Profimedia

Британскиот принц Чарлс (71) изјави дека „лесно поминал” со новиот коронавирус, од кој се зарази на почетокот на епидемијата во март.

Тој откако дознал дека е позитивен на Ковид-19, се повлекол во самоизолација, а во текот на болеста имал лесни симптоми.

– Имав среќа, но бев заразен со вирусот и целосно можам да ги разберам луѓето низ што минувале, истакна британскиот принц, додавајќи дека сочувствува со оние кои загубиле свој близок.

Принцот Чарлс помина седум дена во карантин во својата куќа во Балморал, а неговата сопруга Камила (72) била негативна на тестот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот