Прилепчанец нападнал скопјанка на улица „Македонија“, им се силел и на полицајците дојдени да го апсат

Фото: Kenan Kurada / Google Maps

Рано утрово, полицајци уапсиле 52-годишен прилепчанец, кој претходно нападнал 40-годишна скопјанка, а бил агресивен и кон полицајците кои биле повикани, соопшти МВР.

„Денеска (17.05.2023) во 04.40 часот пред угостителски објект на ул.„Македонија“ во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Центар го лишиле од слобода Т.Ш.(52) од Прилеп, затоа што, по претходна расправија, физички ја нападнал В.Л.М.(40) од Скопје и затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија“, пишува во полицискиот билтен.

По целосното документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот