Претседателската палата на Република Српска осветлена во боите на руското знаме во чест на победата на Путин

Лидерот на Република Српска, Милорад Додик, му честиташе на Владимир Путин за неговата „убедлива“ победа.

Претседателската зграда на Република Српска во Бања Лука вечерва е осветлена во боите на руското знаме, одбележувајќи ја изборната победа на Путин.

Додик додаде дека тоа „покажало дека претседателот Владимир Путин ужива огромна доверба меѓу рускиот народ и дека ја води земјата во вистинската насока“.

Милорад Додик, кој се соочи со американски и британски санкции за неговата сепаратистичка политика во Босна, на „X“ напиша дека веста за триумфот на Путин е поздравена „со голема радост“ кај српскиот народ.

Србите, рече Додик, го гледаат Путин како „голем државник и пријател на кој секогаш можеме да се потпреме и кој се грижи за нашиот народ“.

„Му посакувам добро здравје, сила и решителност на неговиот пат да ја зачува Русија и да донесе мир и подобра иднина за целиот свет“, рече Додик.

Претседателот на српскиот дел од Босна, е редок функционер во Европа кој се сретнал со Путин во неколку наврати по почетокот на целосната руска инвазија на Украина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот