Најмоќниот политичар во земјата веќе два дена се жали на наводниот „лов на вештерки“ против неговиот 22-годишен син.

„Моите политички противници не можат да ме поразат со идеи и програми, така што тие се обидуваат да ме разбијат со ментално напаѓање на моето семејство“, се пожали Вучиќ синоќа на државната телевизија Прва.

Новинарка од независниот истражен портал Крик минатата среда го фотографирал Данило Вучиќ во белградски бар во друштво на добро познат фудбалски хулиган, кога насилно и бил одземен телефонот од рацете.

Групата го гледала заедно дербито помеѓу Црвена звезда и Партизан кое се одигра во средата.

Младиот Вучиќ во минатото бил виден со Александар Видојевиќ најмалку три пати. Полицијата ја испитува наводната припадност на Видојевиќ со црногорскиот мафијашки клан што работи на меѓународно ниво.

Видојевиќ ја предводи навивачката група на Партизан „Јањичари“, која редовно се поврзува со насилство и вандализам.

Претседателот Вучиќ го бранеше Видојевиќ: „Овој млад човек никогаш не бил обвинет за дела поврзани со друг, само за тепачка, но никогаш не бил осуден за тоа“, рече тој во час и половина долгото телевизиско интервју.

Независниот портал Крик.рс пишува дека иако Вучиќ го брани Видојевиќ, во полициската евиндеција тоа лице се води како член на Кавачкиот клан.

 

Парламентарните и општинските избори треба да се одржат во Србија на 21-ви јуни, а десничарската Српска напредна партија на Вучиќ е јасен фаворит.

Дел од опозицијата ги бојкотираат изборите. Критичарите го обвинуваат Вучиќ за елиминирање на можноста за слободни избори преку репресија и злоупотреба на власта.