Претседателот на францускиот Парламент отиде во самоизолација поради ковид

Ришар Феран
Претседателот на францускиот парламент Ришар Феран позитивен на ковид / Фото: EPA-EFE/LUDOVIC MARIN / POOL MAXPPP OUT

Претседателот на францускиот Парламент, Ришар Феран е заразен со коронавирусот и е во самоизолација, соопшти денеска Парламентот во Париз.

Според француските медиуми, Феран (59) денеска направил тест за коронавирус, откако синоќа почувствувал благи симптоми слични на Ковид-19.

Феран, кој е целосно вакциниран против коронавирусот, отиде во самоизолација веднаш по позитивниот резултат на тестот, јави парискиот весник Фигаро.

Парламентот соопшти дека Феран ќе продолжи со активности на далечина и оти побарал од потпретседателот на парламентот Давид Абиб утре да претседава со седницата на која пратениците поставуваат прашања до членовите на Владата.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот