Престрелка во Сараево, убиена жена (ВИДЕО)

фото: Принтскрин

Во сараевската населба Ступ се случила престрелка во која била убиена една женска личност.

Портпаролката на кантонското обвинителство во Сараево, Азра Бавчиќ, изјави дека кантонскиот обвинител на должност отишол на местото на настанот и дека судскиот експерт исто така ќе присуствува во истрагата.

– Безживотното тело на една жена е пронајдено во близина на пазарот Хеко – потврди Бавчиќ.

Делот на Ступ во чија близина се случи пукањето е блокиран, а повеќе детали за инцидентот ќе бидат познати откако ќе заврши истрагата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот