Прескапи билетите за концертот, обожавателите ѝ порачаа на Адел: Поминав пет дена во Грција за помалку пари!

адел
Фото: Принтскрин / Instagram

Британската пејачка Адел (33) неодамна објави список со датуми за концерти во 2022 година во Лондон, што ќе биде нејзин прв настап во Англија од 2017 година. Адел ќе настапи на фестивалот „БСТ Хајд Парк“, заедно со Елтон Џон, бендот „Дуран Дуран“ и „Перл Џем“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Adele (@adele)

Најевтиниот билет за концертот чини 90 фунти, а оние кои сакаат нешто подобро место ќе мора да платат 112 фунти.

Освен обичните билети, има и „Златни“ билети по цена од 274 фунти и билети „Дијамант“, кои чинат 390 фунти. Најскапите ВИП билети чинат 580 фунти.

Откако беа објавени цените на билетите, обожавателите „збеснаа“, а својата огорченост ја споделија на социјалните мрежи. „Ако сакате да се чувствувате сиромашно, одете и купете карта за овој концерт. Адел, душо, те сакам, но не можам да си го дозволам овој билет“, порачал обожавателот.

„Поминав пет дена во Грција за помалку пари отколку што чинат овие билети“, додал друг.

Ретки се оние на кои цената за концертот не им е важна и кои сметаат дека пејачката го заслужува тоа.

Адел се врати на сцената со песната „Easy On Me“, објавена на 15 октомври и веќе е на врвот на британските поп листи. Оваа е една од песните од албумот „30“ кој ќе биде во продажба на крајот на ноември.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Adele (@adele)

Албумот доаѓа по разводот на шестгодишниот брак на 33-годишната Британска пејачка, и претставува нестрпливо исчекување на меланхоличен музички опус во нејзин карактеристичен стил, во кој би се препознале нејзините фанови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот