ФОТО | Адел ги објави датумите на своите први концерти за 2022

Адел
Адел/Printscreen/Youtube

Британската поп ѕвезда Адел ги објави датумите за своите концерти во 2022 во Лондон, со што го означи почетокот на своите настапи.

33 годишната пејачка ја сподели оваа вест на своите профили на твитер и инстаграм со својата фотографија и напиша дека првите концерти ќе бидат одржани на 1 и 2 јули 2022, во Хајд Парк

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Adele (@adele)

Пред да се објави синглот Easy On Me, Адел отворено зборуваше во британското и американското издание на Вог за својот развод од сопругот Сајмон Конецки во 2019.

Адел се врати на сцената со песната Easy On Me, објавена на 15 октомври и веќе е на врвот на британските поп листи. Оваа е една од песните од албумот „30“ кој ќе биде во продажба на крајот на ноември.

Видео на денот