Премиерот Заев е негативен на ковид-19

Зоран Заев, Премиер на РС Македонија

Премиерот Зоран Заев на Фејсбук напиша дека го добил резултатот од тестот за ковид-19, кој тој го направи откако министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски соопшти дека е позитивен на коронавирусот, и дека тој е негативен.

Оливер Спасовски е позитивен на ковид-19

„Денеска го добив резултатот од тестот за КОВИД-19 и тој е негативен.

Многу е важно сите до еден да го чуваме сопственото здравје и здравјето на сите други околу нас. Со целосно почитување на мерките и препораките секој од нас може да даде придонес за јавното здравје.

Заев: Ќе направам тест, иако немав директни контакти со Спасовски

Да носиме заштитни маски, да држиме физичка дистанца, да ги избегнуваме големите групни настани и на тој начин заеднички ќе ја добиеме битката со КОВИД-19.“, напиша Заев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот