Заев: Ќе направам тест, иако немав директни контакти со Спасовски

Премиерот Зоран Заев ќе прави тест за присуство на коронавирусот, откако министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски објави синоќа дека е позитивен.

Заев изјавил за телевизиаајта ТВ21 дека секогаш ги почитувал протоколите и дека држел дистанца.

-Немав директни контакти со Оливер Спасовски надвор од здравствените протоколи за лична заштита. Секогаш држевме дистанца и секогаш носевме маска согласно здравствените протоколи. Односно, додека еден зборува без маска на лицето, другите носат маска, иако се одржуваже и неопходната дистанца, изјави Заев за ТВ 21.

Доцна синоќа министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски на фејсбук ја информираше јавноста дека е позитивен на коронавирусот.

Оливер Спасовски е позитивен на ковид-19

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот