Прекугранична соработка на водоводните претпријатија на Битола и Лерин

Фото: Васка М.Младеновска

Во Битола се одржа заедничка средба на двете јавни водоводни претпријатија ЈКП „Водовод“ и D.E.Y.A.F од Лерин, Грција.

На средбата, стана збор за размена на искуства на двете јавни водоводни претпријатија за иновативните технологии, и развивање на меѓуграничната соработка.

Тема на разговорите беа можностите за развивање на меѓуграничната соработка помеѓу двете претпријатија, размена на искуства и реализација на проекти од заеднички интерес. Постојаната комуникација и соработка е многу важна за зајакнување на односите меѓу двете водоводни претпријатија. На средбата што се одржа во просториите на ЈКП „Водовод“ во Битола се разговараше за размена на искуства и имплементација на иновативни технологии во водоводните мрежи-вели директорот на ЈКП „Водовод“, Пеце Милевски.

На работната средба беа презентирани дигитални и технички решенија со цел подобрување на процесот со водоводната инфраструктура и водоснабдувањето.

Од ЈКП „Водовод“ Битола уште и додаваат дека средбата завршила со изразен оптимизам и посветеност кон градењето на силно партнерство, на двете водоводни претпријатија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот