Прекин во водоснабдувањето на Гостивар и околината

Прекин на водоснабдување фото МИА

Повеќечасовен прекин во снабдувањето со вода за пиење од градскиот водовод, најавуваат од ЈП Комуналец. Прекинот, е планирано да започне доцна вечерва од 22:30 часот и се однесува на целото конзумно подрачје.

– Водоснабдувањето е условено од санирање на дефект на една од главните линии со пречник од 500мм, која минува низ атарот на селото Равен. Повторното пуштање на водата во мрежата до корисниците ќе зависи и од тежината дефектот и колку ќе треба време за поправка. Најверојатно целата ќе заврши во раните утрински часови, информираат од ЈП Комуналец.
Од градскиот водовод, со вода за пиење се снабдува над 70 проценти од населението во општина Гостивар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот