Преговорите во Брисел причина за пад на берзантските индекси

Фото Архива

„STOXX 600“ индексот кој ја покажува цената на водечките европски акции за време на утринското тргување забележа пад од 0,5 отсто.

Преговорите на земјите членки на ЕУ што се одржуваат веќе неколку дена во Брисел влијаат врз движењата на берзите, берзантските индекси забележаа пад бидејќи челниците на Европската унија и по неколку дена не можат да постигнат договор за помош на економиите на земјите од унијата кои се најпогодени од корона кризата, и на кои им се заканува длабока рецесија.

„STOXX 600“ индексот кој ја покажува цената на водечките европски акции за време на утринското тргување забележа пад од 0,5 отсто.

Лондонскиот „FTSE“ ослабна за 0,90 отсто, додека франкфуртскиот „DAX“ се лизна за 0,65 проценти. Пад забележа и францускиот „CAC“ од 0,85 отсто.

Европските инвеститори се разочарани откако и по неколкудневни преговори целниците на ЕУ не можат да се договорат за пакетот помош на економијата на ЕУ како и за буџетот за наредните седум години определен на над 1.800 милијарди евра, кои вклучуваат инструмент за опоравување вреден 750 милијарди евра.

Холандскиот премиер Марк Руте рече дека е постигнат определен напредок, но предупреди дека преговорите би можеле да пропаднат.

Покрај ова инвеститорите се загрижени и поради понатамошниот раст на бројот на новозаразени лица од корона вирусот во светот, што пак дополнително би можело да го отежни опоравувањето на светските економии.

И на азиските берзи цената на акциите утрово забележа благ пад, па „MSCI“ индексот на азиско – пацифичките акции, без јапонските, забележа минус 0,1 отсто. На берзата во Токио пак „Nikkei“ индексот зајакна за 0,1 отсто.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот