Предупредување од експертите: Ковид-19 може да се пренесува и со најмали честички

Американскиот центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) денеска предупреди дека Ковид-19 може да се пренесе со мали честички во воздухот и дека вирусите можат да преминат повеќе од два метра.

Претходно, ЦДЦ тврдеше дека вирусот главно се пренесува од човек на човек преку респираторни капки кога болно лице кашла или зборува.

Ажурираните упатства за борба против Ковид-19, објавени на веб-страницата на агенцијата, исто така препорачуваат луѓето да користат прочистувачи на воздухот за да го намалат внесот на микробите во затворени простории и со тоа да избегнат ширење на болеста.

Вирусите што се пренесуваат преку воздухот се најзаразни, а ЦДЦ предупредува на зголемен ризик од ширење на болеста во области што не можат да бидат добро проветрени.

Прочитајте и...  Исповед на жена на која била тестирана вакцината на „Фајзер“: Се чувствував одвратно, но мило ми е што ја примив

Истражувањата покажаа дека новиот коронавирус може да се шири преку аеросолните честички во воздухот, а Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека ги следи „доказите” за можна трансмисија на болести преку воздух.

Поврзани вести

Владиката Петар: Прилеп и Битола станаа македонски Вухан, вирусот не е наивна работа!

Слободен печат

Муцунски: ВМРО-ДПМНЕ поднесе амандмани на Буџетот со кои се бара политики за намалување на загадувањето

Слободен печат

Калфин и Ноев: Политичката храброст и разбирањето се клуч за членство на РС Македонија во ЕУ

Михаило Донев

Анализа, па дебата: Допрва ќе се одлучува кои сектори ќе продолжат со работа во недела, коморите со порака да не се брза со решение

Слободен печат

Се пролонгира потпишувањето на договорот за сместување на пациентите во приватните болници

Нови 55 случаи на ковид-19 во Тиквешкиот регион, меѓу нив тројца здравствени работници од Кавадарци

Слободен печат

Остави Коментар

MacedonianAlbanian