Предности на сокот од јаболка: Поволно делува при проблеми со црниот дроб и бешиката

Unsplash
Unsplash

Јаболкото е едно од најпопуларните овошја во светот. Познато е по својот совршен вкус и висока хранлива вредност, поради што може да претставува нискокалоричен појадок. Јаболкото се користи за подготовка на разни видови рецепти какви што се млечни шејкови, овошни салати и десерти.

Може да се консумира во кое било време од денот како свежо овошје или цеден сок, а поради неговото благотворно дејство се препорачува јадење едно јаболко на ден.

Сокот од јаболка е единствен што може да се комбинира со сокови од зеленчук, давајќи им пријатен сладок вкус. Зеленчукот и овошјето ги разградуваат различни ензими, поради што не смеат да се комбинираат, но тоа не е случај со јаболкото.

Во сокот од јаболко има многу витамин Ц и П, соли од калиум, калциум, железо, бакар, манган, кобалт, цинк, никел. Се применува при артериосклероза, болести на црниот дроб, бешиката, бубрези и др. Пектинот од сокот заедно со меснатиот дел ја нормализираат работата на цревата.

Високиот процент на шеќер и органски киселини помага во брзата регенерација по физичко оптоварување. Може да се пие до еден литар дневно. Добар е затоа што помага во исфрлање на тешките метали од организмот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот