Предлог за воведување на полициски час во БиХ

Тестирање за коронавирус во БиХ / фото: EPA-EFE/FEHIM DEMIR

Чампара го упати предлогот по барање на премиерот на Федерацијата БиХ, Фадил Новалиќ.

Министерот за внатрешни работи на Федерацијата БиХ, Аљоша Чампара, до министерот за финансии на ентитетот, Јелка Миличевиќ и Фахрудин Солак, директор на Федералната управа за цивилна заштита, од вечерва да биде воведен полициски час во ФБиХ.

Чампара го упати предлогот по барање на премиерот на Федерацијата БиХ, Фадил Новалиќ.

„По детална проценка на безбедноста, ценејќи ја целокупната безбедносна состојба во Федерацијата БиХ, особено со оглед на зголемениот обем на заразени со Ковид-19, како и зачестеното движење на мигрантите во вечерните и ноќните часови, а поради заштита и најдобриот интерес на граѓаните, предлагам воведување на забрана за движење (полициски час) за сите граѓани на територијата на Федерацијата Босна и Херцеговина од 20 часот до 5 часот наутро, рече Чампара. забраната би влегла во сила од вечерва во 20 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот