Правниот тим на Левица утре ќе поднесе 101 тужба до Управниот суд

Скопје, Јуни 2020 / Фото: Драган Митрески - Слободен печат.

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев соопшти дека 1.500 приговори на Левица се отфрлени со право, но нивниот правен тим, како што наведува тој, ќе поднесе 101 тужба до Управниот суд, наведе Апасиев на Фејсбук.

-Оти си игравме дрндупки, за да ги соголиме дека немаат појма од толкување на правото. Но, 500 приговори ни се мериторно ОДБИЕНИ – со образложение дека „не биле впишани никакви забелешки од нашиот претставник во Записникот“!? А, пази, богати – ние приговараме дека сумираните резултати не одговараат во хартиените и во електронски внесените записници- напиша тој на Фејсбук.

Според него, како би можел нивниот претставник на конретното избирачко место, да претпостави или да знае, дека по неколку часа од затворањето на местото и сумирањето на резултатите – истите ќе бидат погрешно внесени во електронскиот систем на ДИК?

-Дали е тој видовит, па да знае однапред што ќе се случува во иднина, за да може уште на самото место, прејудициелно и превентивно да „стави писмена забелешка во записникот“!? Затоа, за да ја доведеме тотално до апсурд искривоколчената логика на неспособните од ДИК, утре – нашиот правен тим – ќе поднесе 101 ТУЖБА до Управниот суд! наведе Апасиев.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот